Иако можеби сезоната на венчавки помина, постојат некои двојки кои одлучија својата свадбена прослава да ја направат во прекрасната есен или уште поубаво, зима.

Без разлика дали станува збор за раскошна венчавка или пак некоја интимна семејна прослава, девојките секогаш сакаат да блеснат на овој ден.

Изборот на совршена венчаница секогаш е предизвик, но ако знаете што сакате, тоа не би требало да биде проблем.

Покрај големите дизајнерски имиња кои нудат бајковити венчаници, прекрасни модели имаат и популарните high street брендови како H&M, Reformation, Asos и други од кои може да си ја нарачате омилената.

Концептот на венчаниците драстично се разликува од оној на дизајнерските, но дефинитивно и во нивните колекции има магични модели во кои ќе блеснете.

Најголемиот дел наликуваат на фустаните за некоја свеченост, но во нежна бела боја и сите нијанси на истата. Популарните брендови нудат и модели со тантела, но и свилени фустани што неодоливо паѓаат и изгледаат поубаво од било што.

Она што е особено важно е тоа што сите модели имаат пристапна цена, а можете да ги нарачате и онлајн па целиот процес да биде уште полесен.

Во галеријата ви предлагаме голем број модели венчаници од кои знаеме дека ќе имате повеќе фаворити. 

Објавено:
30 октомври 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
668 пати