Натали Портман е невеста бегалка за Диор

4 февруари 2015

Како и секогаш, модната куќа Диор ја ангажираше прекрасната и талентирана Натали Портман како заштитно лице за нивната последна рекламна кампања за парфемот Miss Dior.

natalie-portman-dior_1060x644

Таа изгледа едноставно совршено во белиот невестински фустан и нежната шминка и лежерната фризура, додека патува кон олтарот заедно со нејзиниот татко.

Во еден момент, таа се предомислува, се извинува на нејзиниот „татко“ и одлучува животот во брак да го замени за целосна слобода.

Кусото видео е режирано од Антон Корбејн, а во истото, актерката носи венчаница од ресортот на Диор, целосно прекриена со безброј рачно изработени и аплицирани цветови.

За истиот, тимот на брендот потрошил цели 600 часа рачна работа, за фустанот на крајот да изгледа магично, на какви креации и сме навикнати од Диор.

На крајот од видеото, таа бега низ раскошната шума кај нејзиниот љубовник – пилот што ја чека со хеликоптер со кој патуваат до секогаш мистичниот Париз.

Дел од рекламата е познатата „Piece of my heart“ на Џенис Џоплин, што се најде како сосема соодветна за приказната од видеото.

Во продолжение, погледнете ја „It’s Miss Actually“ рекламата на Диор за која ги очекуваме вашите реакции!

#t=51

Објавено:
4 февруари 2015
Категорија: 
Бела соба