Неконвенционални начини за стилско усогласување на младенците

4 јули 2014

Тој го постави прашањето, вашите фотографии од свршувачката беа вистински хит, а вие го најдовте и совршениот фустан!

Сите планови околу свадбата одат како „подмачкани“, па сега е вистинското време да се концентрирате на малите детали што живот значат.

Ние веруваме дека секоја од вас сака сѐ на свадбата да биде совршено и тотално поразлично од секоја друга на која што сте присуствувале, па токму затоа, ние денеска ви претставуваме неколку неконвенционални начини за стилско усогласување со вашиот иден сопруг, а со кои ќе бидете неверојатно впечатливи!

Како што целиот ентериер на местото каде ја правите прославата треба да го отсликува вашиот карактер, така и сите детали кои што ги носите на себе треба да го сторат истото.

За да бидете ултра впечатливи и на еден посебен и шармантен начин да се усогласите со младоженецот, погледнете ги следните фотографии од кои веруваме дека ќе се инспирирате за вашата венчавка.

Во продолжение, ќе пронајдете инспирација за тоа како да го усогласите венчето на косата  со цвеќето што младоженецот го носи на костимот, како на симпатичен начин да ги услогласите боите на модните додатоци за кои се одлучивте, но и како да носите цветен принт и тоа да изгледа тотално неодоливо.

Неговото карирано марамче + вашата карирана подвезица Неговото карирано марамче + вашата карирана подвезица

Рустични детали - нејзиното венче + неговиот цвет на палтото Рустични детали - нејзиното венче + неговиот цвет на палтото

Нешто сино...за неа чевли, за него чорапи Нешто сино...за неа чевли, за него чорапи

Неговите розови чорапи + нејзиниот омбре розов фустан Неговите розови чорапи + нејзиниот омбре розов фустан

Рачно изработени копчиња за неговата кошула и слични такви за вашиот фустан Рачно изработени копчиња за неговата кошула и слични такви за вашиот фустан

Објавено:
4 јули 2014
Категорија: 
Бела соба