Необична невеста на диско свадба

15 септември 2015

Свадбената церемонија не мора секогаш да значи по дифолт класичен ресторан со класична невеста и концизен ред на нештата. Напротив, понекогаш возбудата е поголема, а церемонијата преминува во една голема журка, кога се е оставено на спонтано и опуштено уживање во денот кој треба да биде само ВАШ!

Една таква „необична" свадба со уште понеобична невеста се случи викендов во Струмица. Со оглед на тоа дека целата свадбена церемонија беше претворена во една голема диско забава, невестата Ана во буквална смисла на зборот беше кралица на својата журка.

Со малечка круна на главата и шик венчаница од модниот бренд Елена Лука, таа е една од најавангардните невести кои го заслужуваат целото внимание.

Главниот фокус што и дава особен дизајнерски печат на венчаницата е апликацијата од црни украсни камчиња поставени во предниот дел, што истовремено ја прави и гламурозна и необична.

Секоја невеста е посебна на свој начин, но она што особено плени кај оваа невеста е нејзината храброст да остане доследна на нејзиниот личен идентитет дури и во улогата на невеста.

Сите идни невести кои се двоумат околу својот избор, нека се инспирираат од храброста и уникатниот изглед на Ана...

 

 

Објавено:
15 септември 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
9.417 пати