Невеста објави 12 правила за нејзината свадба

11 февруари 2022

На „Тик Ток“ мрежата објавата на една невеста стана вирална. Се работи за видео во два дела, кое успеа да ги поттикне луѓето да коментираат и да споделуваат.

Јасмин е девојката која сподели 12 правила кои мора да се почитуваат на нејзината свадба, а еве и кои се:

1. Без деца (нема исклучоци)

2. Не носи бело

3. Девериците можат да ја одберат својата облека, но да ја испочитуваат тематската боја

4. Никој друг освен невестата не смее да носи бело

5. Ако не си повикан, не си добредојден

6. Сите деверици се (емоџи виножито)

7. Без “подвезици“

8. Мајка ми креативно зборува за се'

9. Искористи го тоа што барот е отворен

10. Нема пијани возачи

11. Кога се на пауза, послугата се третира како гостин

12. Без големи вести и соопштувања

@cruzjasmine824 These are my very real wedding rules I’ll be doing at my wedding this year ! #greenscreen #wedding #elfitup #latinabride #latinowedding ♬ original sound - cruzjasmine824

 

@cruzjasmine824 My wedding part 2 #greenscreen #wedding #latinabride #elfitup ♬ original sound - cruzjasmine824

Тоа што два пати е споменато правилото за другите гости да не носат бело не е воопшто случајно. Јасмин ова го гледала често на туѓи венчавки, па толку не ѝ се допаѓало што се пошегувала со девериците дека имаат дозвола да истурат вино врз нечија туѓа бела облека.

Но, едно од правилата за кои имаше најбурни рекации е она да не се носат деца на свадба.

Нејзиното објаснување е : „не сакам децата да трчаат наоколу, без надзор, а родителите да не ги ни гледаат. Тоа апсолутно нема да се случи“.

Околу забраната за доаѓање на сите кои не се поканети вели: „Дадов +1 покана на секој член од твоето семејство кој би сакала да го видам на својата венчавка. Не носи некои случајни луѓе на мојата свадба. 

Што се однесува до правилото 12, вака го објаснува: „Ако си бремена, задржи го тоа за себе. Ако сакаш некого да запросиш, задржи го за себе. Немој да доаѓаш на мојата венчавка така што ќе го одземеш вниманието од мојот сопруг и мене“.

Видеата се прегледани повеќе од два милиони пати и имаат преку 1.800 прегледи. Очигледно оваа тема погодила многумина, а размислувањата се различни.

Некои сметаат дека листата е премногу строга и дека ваков список може да ги предомисли луѓето кои сакале да бидат дел од свадбата - „Биди среќна ако некој ти дојде на свадбата. Хаха“, „Искрено, немој да бидеш зачудена ако 80% од луѓето не дојдат“.

Има и такви што не го сфатиле сарказмот и шегата па велат: „Како прво, да извалкаш некого со црвено вино е навреда и јас би те тужела.

Она околу што најмногу се коментираше е правилото број еден.

„Децата што да бараат на свадба, освен ако тоа не е желба на младенците“, „Ако не сакаат да ги викнат моите деца, тоа е како мене да не ме викнале“, „Ни јас не би сакала деца да ми трчаат наоколу, да викаат и да плачат за време на мојата прослава“, „Да, правилото „без деца“ е најважното правило, ниту деца не сакаат да одат на свадби“, „Не знам зошто луѓето се лутат кога децата не се повикани на свадба“.

Од друга страна, ниту другите правила не поминаа незабележано: „Ми се допаѓа твојот список, ќе го споделам“, „Уште не се случило, но ова ќе биде најдобрата венчавка на светот“, „Ми се допаѓа правилото без „подвезици““.

Како ви изгледа вам нејзиниот список?

Објавено:
11 февруари 2022
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.118 пати