Доколку класичната венчаница не е вашиот избор за денот на вашата венчавка, тогаш изборот на алтернативи е богат. Тоа може да биде свечена тоалета изработена од раскошен материјал, дводелен комплет, па дури и бел костум.
Во новите ресорт колекции на светските дизајнери, речиси во секоја линија може да издвоиме барем една креација која одлично може да се вклопи на местото на венчаницата, особено ако невестата е расположена да биде малку поинаква и секако впечатлива.
Живанши како алтернатива нуди перфектно скроен бел костум, Мери Катранзу во нејзината идеја за неконвенционална венчаница додаде виножито од бои, Александар Меквин својата невеста ја замислува во транспарентна тоалета со рачно везени флорални мотиви, а Балман пак играше со карнерите и создаде фустан со женствена силуета...
Александар Меквин
Баленсијага
Балман
Дајан Фон Фурстенберг
Ели Сааб
Живанши
Маркеза
Мери Катранзу
Оскар де ла Рента
Роберто Кавали