Доколку сте девојка која секогаш наоѓа начин да ги заобиколи клишеата, тогаш веруваме дека ќе ви се допадне оваа идеја.
Неконвенционалниот изглед е резервиран токму за таквите невести, што се храбри во својот стилски избор и секогаш ја истакнуваат својата индивидуалност без разлика на реакциите на околината.
А невообичаените невестински креации се почесто ги среќаваме, дури и во предлозите на големите дизајнерски имиња, што укажува на фактот дека се поголем број идни невести се одлучуваат за изглед што му дава предност на персоналитетот во однос на трендовите.
Една таква (прилично популарна) варијанта на уникатни венчални изгледи се невестинските комбинезони. Најчесто комбинирани со горен слој на здолниште или со впечатливи детали, овој тип на невестински изглед е навистина урбан и се поголем број невести се одлучуваат за него како совршена замена на класичната венчаница.
Идни невести, инспирирајте се!