Невестински водич: Одберете венчаница според вашиот моден сензибилитет

7 јуни 2021

Изборот на невестинска креација не е секогаш лесен избор. Да се спојат замислата и она што реално ни стои, знаат да бидат две спротивности.

Сепак, во тој процес важно е да не се отстапува од неколку златни правила.

-Не бирајте нешто што никогаш порано не сте го носеле. Не ризикувајте и не експериментирајте на овој за вас специјален ден.

-Пред да купите венчаница, пробајте неколку кроеви за да видите што најдобро ви стои.

-Не порачувајте во пет до дванаесет, така го заголемувате стресот повеќекратно.

-Консултирајте се со стручно лице - дизајнер, стилист, кој ќе ви ги реши евентуалните недоумици.

-Бирајте модел според вашиот моден сензибилитет.

 

А кога сме кај модниот сензибилитет, ние одбравме неколку предлози кои ги најдовме во модната куќа Елена Лука, кои можат да ви го олеснат изборот.

Ако сте во потрага по венчаница и се прашувате што да одберете, погледнете ги овие предлози:

Винтиџ невестински фустан

Идеален избор доколку сакате романтична естетика која вклучува тантела, бисери, специфични детали. Исто така, ако сте невеста која не преферира сосема бела венчаница, тогаш размислете за ваков фустан. Ќе изгледате поинаку, со доза на класичност, но не досадна и стандардна.

 

Романтичен невестински фустан

Ви се допаѓа нежноста на тулот, преферирате панделки и убава бела боја? Тогаш романтична венчаница е вистински избор за вас. Најчесто се изработени од префинети материјали кои вклучуваат дискретен сјај, имаат дури и бохо елементи кои совршено ќе се вклопат во вашата венчавка на отворено. 

 

Минималистички невестински фустан

Ако сакате чисти и едноставни линии, без премногу украси, во Елена Лука има неколку модели кои ни го привлекоа вниманието. Оваа венчаница целосно покриена со мали бисери, кои се стопуваат со линијата на телото и парчето свила кое го прави задниот дел раскошен и се' што ви треба за едноставен, а впечатлив изглед. Доколку сакате пак широки модели, можете да најдете венчаници од свила, со дискретни украсни елементи кои ќе дадат на уникатност. 

 

Драматичен невестински фустан

Доколку сакате пак впечатливост и драматичност на овој весел ден за вас, тогаш одберете волуменозна венчаница. Оваа со тантела и дополнителен дел од карнери со тул е нешто што ќе се памети. Од друга страна пак, венчаницата со реси од монистра и шлиц е нешто што ќе ви даде уникатен и секси изглед. Нам ни се допаѓаат и венчаниците што вклучуваат и комбинација на бои, па за дополнителна доза драматичност и впечатливост, можете да пробате и некој од моделите од колекцијата Pearl.

 

Неконвенционален невестински фустан

 Ако преферирате смела естетика, која се издвојува и која е во склад со вашиот темперамент, тогаш Елена Лука е вистинската модна куќа за вас. Тука ќе најдете повеќе модели кои се во овој стил, тргнувајќи од венчаниците со еден ракав, палто-венчаница, како и комбинезони во комбинација со здолниште од тул.

 

Ова е само мал дел од понудата која ја нуди модната куќа. Од Елена Лука ги отворија вратите од својата бела соба во ателјето во Капиштец и ги очекуваат идните невести да го пронајдат својот идеален фуста и со задоволство да бидат дел од новата страница во љубовната приказна на многу двојки.

Објавено:
7 јуни 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.076 пати