Нивниот свет е како од бајките – мали принцези со големи насмевки

29 септември 2016

Покрај невестите, на свадбената церемонија секогаш вниманието го привлекуваат слатките мали принцези кои обично ги придружуваат младенците.

Тие се симпатична „мини" верзија на невестата и токму затоа, секогаш се посветува внимание на нивниот бајковит изглед.

Во разговор со дизајнерскиот тим на Елена Лука, ни беше посочено дека е се поголем интересот за уникатна изработка на фустанчиња за девојчињата кои ги придружуваат младенците. Но, нивниот дизајн бара исто толку внимание и сериозна посветеност колку што бара изработката на свечена облека за возрасни.

Од Елена Лука додаваат дека многу е значаен соодветниот избор на материјали во кои девојчињата треба да се чувствуваат беспрекорно. Исто така, она што е карактеристично за дизајнот на модната куќа, креациите се збогатени со креативни рачни доработки со што се оплеменува целиот дизајн. Обично, колорната карта вклучува неколку основни бои: пастелна розова, зелена, сина, како и бела, сребрена, беж... И секако, се е во функција целиот изглед да биде како разгледница од бајките.

Елена Лука неодамна и презентираше посебна колекција свечени фустанчиња за најмалите, за која направи и прекрасна фотосесија.

Изработени од тул во бела и пастелно розова нијанса, од тантела, или со рачно пришиени тантелни апликации, овие креации ќе направат вашите најмили девојчиња да изгледаат како вистински мали принцези. За изгледот да биде комплетен, создадени се и посебни модни додатоци за глава, украсени исто така со тантела и украсни камчиња.

Објавено:
29 септември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.198 пати