Нова колекција венчаници на Зухаир Мурад за романтични невести

14 октомври 2019

Покрај колекциите за пролет 2020, дел од модните куќи и дизајнери деновиве ги презентираат и невестинските колекциии за актуелната сезона.

Меѓу нив е и либанскиот дизајнер Зухаир Мурад. Со едиторијал, тој ги претстави новите креации, за кои вели дека ќе го задоволат вкусот и на најпребирливите невести.

Она што веднаш се забележува е дека доминира винтиџ естетиката. Сите креации се со нежна тантела, што е добра инспирација за сите девојки што сакаат да бидат романтични невести.

Од венчаници што ја следат линијата на телото, до оние во принцес стил со префинет тул и свила, со што се оддава вепачток на нежност и елеганција, дизајнерот се потрудил да понуди креации за различни типови тело.

Лежерно, опуштено, нежно се зборовите кои би можеле да ги обединат сите модели.

Исто така, оваа колекција е супер инспирација и за невестите што не сакаат млечно бели фустани. Сите креации се во пастелна шампањ нијанса, со што отскокнува од стандардите. 

Во продолжение погледнете ги креациите и кажете ни имате ли ваш фаворит:

Објавено:
14 октомври 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.126 пати