Новата колекција венчаници на Ели Сааб ја трансформира невестата во грчка божица

4 ноември 2022

Новата есенска колекција на венчаници на Ели Сааб за 2023 година црпи инспирација од митологијата на Античка Грција и ја трансформира невестата во вистинска грчка божица.

Фото: eliesaab.com

Фото: eliesaab.com

Преку величенствените контури, беспрекорните силуети и раскошните материјали кои ја карактеризираат колекцијата „Аn echo of Polyhymnia", либанскиот моден креатор успева да ја претстави хармонична убавина и неодоливата женственост на невестата, повикувајќи се на интуитивена естетика и идилични пропорции.

Фото: eliesaab.com

Фото: eliesaab.com

Скулптуралните силуети се извајани со благородни материјали и префинети детали кои ги издигнуваат класичните доблести во современ стил. Бујно извезени цветни дезени и ловорови лисја, како победнички олимписки круни и венци се обвиваат околу корсетите без презрамки и здолништата од етерични тул.

Блескавите мониста и кристали танцуваат преку мека тантела, нежни везови и живописни текстури. Богато декорирано микадо, отворен грб, прозрачни ракави и тантела која суптилно го покрива деколтето дополнително ги збогатува раскошните венчаници.

Фото: eliesaab.com

Секоја од венчаниците е внимателно изработена на начин на кој се потенцира нејзината симетријата, рамнотежата и хармонија. Погледнете како изгледа грациозната колекција „Аn echo of Polyhymnia" на Ели Сааб.

Фото: eliesaab.com

Објавено:
4 ноември 2022
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
630 пати