Официјално, ова е најбараниот свадбен тренд за 2016!

5 април 2016

Како и кај сите останати индустрии, така и кај венчавките, од година во година се појавуваат нови трендови што ја одбележуваат конкретната сезона. 

Оваа прекрасна сезона на венчавки ќе ја одбележи еден навистина интересен тренд што младите веќе го обожаваат. 

Чадните бомби оваа пролет се резервирани за свадби! Фотографиите со чадни бомби во боја станаа вистински хит на социјалните мрежи, а сѐ поголем е бројот на младенци што одлучуваат истите да ги сместат во нивните фотосесии. 

Истите се навистина посакувани благодарение на нивната атрактивност и едноставност на користење, па воопшто и не е чудно што двојките се толку заинтересирани, пишува Fashion.hr. 

Меѓу најпопуларните бои се оние што Пантон ги прогласи за хит на сезонава, односно Rose Quartz и Serenity кои навистина изгледаат прекрасно на фотографија. 

Што мислите вие за овој тренд?

Објавено:
5 април 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
6.550 пати