Оливија Палермо се омажи во уникатна венчаница на Каролина Херера

30 јуни 2014

На тивка и интимна церемонија овој викенд во Бедфорд, Њујорк, „Градската девојка“ Оливија Палермо се омажи со германскиот модел Јоханес Хуебл.

Како што и се очекуваше, на свадбената церемонија таа се појави во неверојатно уникатна креација на „кралицата“ на венчаниците, Каролина Херера.

Истата се состоеше од три парчиња, односно од шармантно тенко џемперче од кашмир кое што го комбинираше со куси бели панталончиња целосно покриени со бело здолниште од тул со цветни детали.

Она што особено ни се допадна и ни остави огромен впечаток, беа сините Маноло Бланик потпетици со интересна шнола со кристали во предниот дел, во кои можевме да ја видиме и неколку пати претходно.

„Сакав шминката да биде сосема нежна и свежа и пред сѐ, во фокус да бидат трепките, а остатокот да биде помалку впечатлив“, изјави Оливија за нејзината шминка.

Што се однесува до фризурата, прекрасната невеста за големиот ден одбра несредено, лежерно опавче со патец на средината, за што ќе каже и дека е нејзината омилена фризура.

Интимната свадбена церемонија се случи овој викенд во Њујорк, со најблиските пријатели и роднини на двојката, која е заедно цели шест години, а Оливија и Јоханес се прогласени за една од најубавите и најстилските двојки во светот.

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Бела соба