Осмиот „Саем за венчавки“ во Скопје од 23 до 25 февруари

23 ноември 2017

Традиционално по осми пат, од 23 до 25 февруари во хотелот „Александар Палас" ќе се одржи саемот за венчавки „Wedding Weekend Expo 2018", каде идните младенци може да се информираат за сите новитети кога е во прашање свадбената церемонија.

Оваа година заштитно лице на настанот е познатото телевизиско лице и Тв презентерка, Александра Велинова, која за најавата на годинешниот саем облече сензуална венчаница од реномираната модна куќа „Елена Лука" која и годинава во рамките на „Саемот за венчавки" ќе ја промовира својата нова колекција префинети и уникатни венчални фустани.

И оваа година најдобрите македонски креатори, декоратери, фотографи, ресторани ќе бидат на едно место и со една задача, да им помогнат на идните младенци во исполнувањето на свадбениот сон.

Организатор на настанот е тимот на магазинот за културата на венчавките www.vobelo.mk вашиот редовен советник и информатор кога станува збор за свадба.

Објавено:
23 ноември 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.852 пати