Откажана венчавка поради неодговорен був

20 септември 2013

Сигурно многумина од вас не слушнале дека во Англија може да се  изнајми дресиран був за венчавки кој во вистинскиот момент умее да ги донесе венчалните прстени.

 

Ова е вистинска атракција на свадбена церемонија, па не  ретко се повеќе парови се одлучуваат да изнајмат една ваква дресирана птица. Но, на еден млад брачен пар му се случи неочекуваното. Тие платите за  бувот  Дарси да долета и романтично да им ги остави бурмите, но на Дарси почнало да и се спие па се качила на кровот од црквата и таму заспала. Иако сватовите се обидувале еден час да ја симнат од покривот, во тоа  не успеале, а венчавката била одложена. Младенците сепак останале весели, бувот им приредил обврска плус, но сепак ги насмеал.

 

Објавено:
20 септември 2013
Категорија: 
Бела соба