Ова се најдобри спонтани свадбени фотографии за време на пандемијата

15 октомври 2020

„This is Reportage“ е заедница на како велат „документарни свадбени фотографи“. Член на оваа заедница може да биде фотограф од било која земја во светот, кој дава сосема нов поглед на свадбената фотографија.

 

Основач е фотографот Алан Лоу, а на секои два месеца се избираат најдобрите свадбени фотографии, за кои одлучува специјално одбрано жири.

Условот е да раскажуваат приказна, да бидат спонтани, неочекувани или наместени, да сведочат за слатко-тажни моменти кои се дел од секоја свадба.

Воедно, на секои два месеца објавуваат колекции од најдобрите фотографии. За последната 17-та, од крајот на август до крајот на септември на конкурсот пристигнале околу 12.000 фотографии од различни делови на светот. Со оглед на пандемијата, од април до сега, голем дел од свадбите се откажаа, но оние што се одржаа онлајн, или во кругот на најблиското семејство, биле посебно предизвикувачки за фотографирање. Сепак, фотографиите немаат временско ограничување, условот е само да бидат спонтани.

Повикот за Колекција 18 е во тек и трае до 23 ноември.

Некои од најдобрите од последната колекција, а меѓунив и свадби од време на пандемијата, ќе ги видите во продолжение, а останатите на линкот тука, како и на Инстаграм профилот на This is Reportage“.

 

Објавено:
15 октомври 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
435 пати