Пејачот Тони Цетински четврти пат се венчаше со својата сопруга Дубравка

21 септември 2021

Познатиот пејач Тони Цетински (52) и неговата сопруга Дубравка, изминатиов викенд направија венчавка во црква.

Двојката пред седум години ги размени брачните завети во Лас Вегас, потоа организираа церемонија во хотел „Адмирал“ во родното место на невестата, со тамбураши, а потоа уште една церемонија и веселба во Загреб.

Овој пат се одлучија да склопат и црквен брак во Опатија.

Дубравка носи минималистичка венчаница со широко здолниште, во која изгледа прекрасно.

Пејачот дел од свадбениот албум сподели и на социјалните мрежи и напиша:

„Секое добро кое го имаме или го правиме, единствено може да дојде од Бога кој самиот е Добро. Исто така, љубовта ако е вистинска, мора да доаѓа од божјата љубов. Редовното присуство на светата миса и примањето на телото Христово, прави да станеме нови луѓе. Тогаш и нашата љубов е блиска до онаа вистинската каква гледаме дека Исус Христос има кон нас. Сами немеме сила да љубиме до вечноста, но со силата на Евхаристијата, отелотворена во Христа, можеме да љубиме надвор од човечките димензии. Мажи, сакајте ги своите жени како што Исус ја сакаше Црквата и се даде себеси за неа“.

Инаку, ова е трет брак на пејачот, а дел од хрватските медиуми се пошегуваа дека Тони по седми пат споделува свадбени фотографии.

Како и да е, голем број пријатели и познати личности им посакаа среќа и да траат вечно.

Во продолжение погледнете дел од фотографиите што ги сподели пејачот:

Објавено:
21 септември 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.580 пати