Пет креативни идеи (и многу фотографии) за декорации за пролетни венчавки на отворено

10 март 2022

Ако веќе ја закажавте вашата пролетна или летна венчавка и се решивте за варијантата на отворено, а сѐ уште размислувате за декорот и целата визуелна тематика, тогаш ние ќе ви помогнеме со одлуката.

Разгледувајќи ги актуелните тенденции по однос на ова прашање, издвоивме 5 одлични идеи како да им дадете посебен и персонализиран печат на вашите пролетни забави на отворено.

Добрата идеја во декоративниот сегмент во голем дел може да придонесе и за доброто расположение на прославата, па затоа вреди да посветите внимание.

Осветлување и сијалички

Суптилното осветлување и завесата од мали сијалички може да дадат силен ефект и да придонесат за роматничниот амбиент на вашата прослава.

Природно цвеќе

Природното цвеќе има посебен шарм и не може да се замени со ништо. Дури и како ситен детаљ, природното цвеќе забележително ќе ја разубави атмосферата.

Табла со персонализирани пораки

Мала интервенција, со супер кул ефект. Посакајте им добредојде на гостите со интересна порака на табла на која ќе го препознаат вашиот ракопис и смисла за хумор, на пример.

Креативно пано за фотографирање

Ако сакате да го избегнете класичното и елегантно пано за фотографирање и наместо, сакате позабавн варијанта за фотографирање со гостите, ѕирнете ги нашите идеи низ фотографиите.

Декор за маса

Интересет сет за ручек, персонализирани пораки на секој стол или романтични свеќи, идеите како да ја украсите масата се навистина бројни. Одлучете се за темата, а потоа размислувајте за деталите. Почнете со идеите што ги издвоивме за вас...

Објавено:
10 март 2022
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.011 пати