Убавата и духовита Стојне од популарниот хумористичен серијал К-15, викендов во родната Струмица го кажа судбоносното Да на нејзиниот животен избраник, Дејан кој исто така е од Струмица. За спомените да траат цел живот, а венчавката да биде специфична и поразлична од останатите, Стојне и Дејан се одлучија потписите кај матичарот да ги стават на отворено, момент кој ги доближи до светските трендови за венчавки. Околу големиот зелен тревник и базенот од дворот на хотелот беа поставени столчиња декорирани со розов и бел сатен, место каде младите се потпишаа и заколнаа на вечна љубов, додека прославата беше организирана во голема затворена свечена сала.
Стојне носеше бајковита венчаница од модната куќа Елена Лука која е совршена целина од корсет украсен со богата тантела и лелеав долен дел изработен од форми на органтин. За да биде уште повпечатлива, нежна и романтична, Стојне се одлучи за суптилна шминка која дополнително ја нагласи нејзината женственост од изгледот.
Фотографиите се исто така во интересен фазон каде Стојне и Дејан позираат на олдтајмер Фолсфаген Буба автомобил. Fashionel им го честита бракот на младите и им посакува долг и среќен брак исполнет со многу љубов.