Погледнете како изгледа првата колекција венчаници на Прабал Гурунг

20 мај 2021

Претходниот месец од брендот „Прабал Гурунг“ најавија дека наскоро ќе пласираат и невестинска колекција, а месец дена подоцна публиката е во можност да види дел од моделите.

Се работи за прва невестинска колекција од творештвото на Гурунг. Задржан е минимализмот и впечатливите детали кои ги практикува и кај креациите кои најчесто ги гледаме на црвен килим.

Но, она со што уште повеќе привлекува внимание е инклузивниот момент.

Дизајнерот, кој е од Сингапур, но долги години живее и работи во Америка, вели дека сите креации се создадени во ателјето во Њујорк, каде се вработени жени имигранти или жени од малцинствата - вклучувајќи го и моделот преку кој е претставена првата ваква колекција.

Објавено:
20 мај 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
417 пати
Тагови: 
Прабал Гурунг