Цвеќе – симбол на вечна еволуција, упорност и раст. А симбол и на креативноста на српскиот моден бренд Михано Момоса, кој деновиве на Инстаграм ја најавува својата нова колекција венчаници преку материјал од „зад сцената".
И овојпат цветот е водечкиот мотив, интерпретиран преку препознатливиот дизајнерски концепт кој вклучува предимензионирани цветни форми аплцирани на неконвенционални венчални модели.
Како што се наведува во еден од описите под фотографиите на Инстаграм, колекцијата е насловена „Decennium", по повод една декада од постоењето на брендот, како рефлексија на едноставност како најчиста форма на непретенциозен луксуз.
Љубопитноста ќе ви ја испровоцира и еден од моделите кој вклучува краток топ кој во суштина е тридимензионален цвет во сет со панталони со висок струк. Скокотлива идеја за идните невести кои сакаат да го избегнат традиционалниот изглед, ќе се согласите?
View this post on Instagram
Некои од венчаниците се со мини должина, повторно со огромен цвет во предниот дел како носечки и сосема доволен елемент, за изгледот да добие екстравагантен шарм.
Трендот на волуменозни детали, дизајнерот го имплементира преку предимензионирани ракави што формираат листови од цвет, надоврзувајќи се на својата изворна приказна.
Интересен спој на венчален изглед со модернистички дизајнерски приказ на новата верзија на софистицираноста.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram