Деновиве модната куќа Елена Лука го подготвуваше фото едиторијалот за новата колекција венчаници за претстојната сезона, пролет-лето 2018. Ние имавме можност да присуствуваме на фото сесијата и први да „ѕирнеме" какво изненадување им подготвува нашиот моден бренд на идните невести.
Може да посведочиме дека новата линија венчаници е љубов на прв поглед. Секој венчален фустан е приказна за себе, во која ќе се пронајдат невестите кои обожуваат префинет, елегантен и софистициран стил.
Елена Лука во својот препознатлив дизајн секогаш внимава на секој аспект и детаљ, што веднаш се препознава во изборот на квалитетни материјали и впечатлива тантела, рачната изработка и уникатните кроеви, како и секогаш впечатливиот финиш со интересни модни додатоци.
Естетиката на венчаниците е различна, од романтични и „принцеза" стил до такви со минималистичка линија или екстравагантни кроеви.
Ексклузивно целата колекција венчаници на Елена Лука ќе може да ја видите и во рамките на годинешниот „Саем за венчавки" што ќе се одржи од 23-ти до 25-ти февруари во хотелот „Александар Палас".
Во очекување на фотографиите од новата венчална линија, ви пренесуваме дел од работниот амбиент за време на фото сесијата.