Прекрасно: Фотографии од свадбата на двојка која одлучи да се земе во Зоолошка градина

29 мај 2020

Кристин и Ендрју се големи вљубеници во животните, па изборот свадбената церемонија и веселба да ја направат во Зоолошката градина во Сан Диего и не била некој тежок избор.

Двајцата сакале нивната венчавка да има сафари нота, па Сафари паркот во рамки на Зоолошката бил совршеното место каде ќе изговорат „да“. Додека тие ги разменувале своите завети, покрај гостите, сведоци биле и жирафите, газелите и останатите животни во околината.

По официјалната церемонија, забавата се одржала во таканаречената „Јужно-африканска ложа“, каде вистинско баобаб дрво е „претворено“ во бар.

Свадбата во целост имала егзотично-рустична естетика благодарение на севкупниот амбиент и зелено-кафените тонови кои доминирале.

За фотографиите била задолжена Моник Дао, која на совршен начин успеала да го пренесе овој за нив совршен ден на фотографија.

А дел од тој свадбен фото-албум ви пренесуваме во продолжение.

 

Објавено:
29 мај 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.800 пати
Извор: 
Popsugar