Преку 14.000 жени ја купиле оваа венчаница во 2020

17 декември 2020

Пандемијата беше причината поради која многу од двојките ја откажаа својата свадбена веселба. Некои се одлучија да го сторат тоа кога се' ќе помине, а други пак решија да се адаптираат на ситуацијата и да приредат поскромна веселба само за најблиските.

Ваквата одлука се одрази и на изборот на венчален фустан и полежерни комбинации за младоженците.

Страницата АСОС е една од онлајн продавниците со широк спектар и на венчаници, помеѓу другите производи, а една од нив се продала повеќе од 14.000 пати

Се работи за моделот „Софија“, а според статистиките, на секои три минути се продавала по една венчаница.

Фустанот е со V-израз во предниот дел и на грбот со кратки ракавчиња од тантела. Долниот дел е долго плисирано здолниште.

За популарноста придонесе и цената - венчаницата чини 187 евра и дефинитивно може да се рече дека е најпродаваниот фустан годинава.

 

 

Објавено:
17 декември 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
660 пати