Припрема за свадба – совети за идните невести

25 јуни 2013

Грижите кои ги мачат сите идни невести и тоа не мислиме на оние од типот – „Дали ќе ме остави пред олтарот?”, „Дали пијан ќе ме избламира пред гостите?” или  „Дали ќе ме изневерува во бракот?”, туку мислиме на оние слатки маки поврзани со козметичките третмани, шминката, фризурата... Ние ќе ви предложиме краток список на работи кои треба да ги спроведете доколку сакате на денот на вашата свадба да бидете во центарот на вниманието.

1. Недела дена пред свадбата

-          Посета на козметичарка

-          Интензивни физички активности

-          Шопинг ( фустан, накит, парфеми)

2. Неколку дена пред свадбата

-          Депилација

-          Фарбање на косата

-          Педикир

-          Посета на стоматолог

-          Масажа

-          Шопинг (нешто што сте заборавиле)

3. На денот на свадбата

-          Бањање

-          Посета на фризер

-          Средување на шминка

-          Маникир

Јасно е дека кај козметичар се оди неколку дена пред венчавката бидејќи последиците од третманот може да бидат видливи неколку денови по неговото спроведување. Можете да пробате различни маски за лице, чистење, хидратација, оцртување на веѓите и сл. Физичката активност треба да ја спроведувате секојдневно, но доколку пред церемонијата правите дополнителни вежби, внимавајте да не добиете воспаление на мускулите.

Доколку сте фан на солариумот и контрастот (бел фустан, темен тен)  почнете да одите неколку недели пред свадбата и тоа на кратки интервали. Истата постапка важи и за кремите за самопотемнување. Внимателно прочитајте го упатството на кремата, а пред тоа направете пилинг на телото и после нанесување на кремата не заборавајте убаво да ги измиете рацете.

Косата треба да ја исфарбате неколку денови пред венчавката за да имате време да ги отстранете флеките од бојата на лицето, а бојата најмногу доаѓа до израз по две миења. Не е потребно дополнително да објаснуваме зошто треба да го посетите стоматологот, но и да немате проблем со забите, добро би било да ги исполирате за да имате блескава насмевка, достојна за секоја невеста. Доколку сте одлучиле да правите надградба на ноктите, тогаш направете ги најмалку недела дена претходно за да имате време да се навикнете на нивната должина. Во спротивно, движењата на вашите раце ќе бидат неприродни, а доколку ги негувате вашите природни нокти, не би било проблем да ги средите и на самиот ден на свадбата.

Објавено:
25 јуни 2013
Категорија: 
Бела соба