„Проновиас“ има нова колекција свечени фустани во шпански стил

13 мај 2020

Брендот „Проновиас“ е од Шпанија и во најновата колекција свечени фустани вметна естетика препознатлива за државата од која потекнува.

Фустани со слоевити карнери или пак со волуменозни, асиметрични кроеви се само дел од она што го нудат како тренд за претстојната сезона.

Кога на сето тоа ќе додадете свежи бои, добивате креации кои се лесно забележливи. Без разлика на пандемијата, тие се надеваат дека луѓето сепак ќе можат да ги остварат своите свечености, иако веројатно со малку задоцнување.

Покрај шпанската естетика, тие во понудата вклучија и неколку креации со диско нота, па светкавиот комбинезон веројатно е нешто во што младите можат да се замислат. Покрај тоа, постојат и неколку покласични модели исто така со светкави материјали.

На крајот, постои и серија безвременски црни фустани со тренди детали како волуменозни ракави, транспарентни ткаенини, ремени.

Погледнете:

 

фото: pronovias.com;

Објавено:
13 мај 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.009 пати