„Проновиас“ има нова колекција венчаници за сите стилови

15 април 2019

Брендот „Проновиас“ неодамна ја претстави новата колекција венчаници. Она што може веднаш да се забележи, освен големиот број модели е што истата е составена од фустани во кои може да се пронајде секоја невеста.

Од брендот внимавале да се задоволат сите вкусови, па од класични венчаници во принцез крој, преку минималистички до неконвенционални венчаници, направија спој на трендовите и класиката. Исто така, новитет е што голем дел од моделите се достапни и во плус-сајз варијанта.

За разлика од претходни години, масивните и тешки тантели не се веќе во фокус, туку се заменети со нежни и префинети, што се совршен избор за венчаница во винтиџ стил. Минимализмот се повеќе доминира, како и моделите со впечатлив грб. 

Светките и монистрата се исто така присутни, но на сведен и софистициран начин. Срцевидното деколте е класика од која веројатно никогаш нема да се збогуваме.

Во продолжение ви ги презентираме моделите, кои ќе бидат мошне инспиративни за идните невести.

Бохо:

 

Класика

 

Минимализам

 

За бремени

 

Ретро + тантела

Објавено:
15 април 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.825 пати
Тагови: 
Проновиас