Дизајнерот за чии единствени креации девојките мечтаат години наназад, конечно ја лансираше првата официјална колекција венчаници за кои можете да замислите дека се неверојатни!

Објавувањето на оваа колекција беше само прашање на време, со оглед на тоа што либанскиот дизајнер речиси секоја ревија ја завршуваше со венчаница, но никогаш немал целосна колекција, освен што повремено ги изработуваше по нарачка.

Ова е првиот самостоен чекор во овој правец на еден од омилените светски дизајнери, а веднаш по објавувањето на колекцијата, социјалните мрежи истата ја дочекаа со восхит.

Колекцијата се однесува на сезоната пролет 2017, а истата нема да биде достапна сѐ до октомври кога невестите ќе можат да набават модели во кои знаеме дека веќе се заљубиле.

Секој од моделите во колекцијата е стилски различен еден од друг, така што има од сѐ по нешто за секоја идна невеста.

Во истата ќе најдете и долги и куси фустани украсени со волшебни мониста, бисери, различни апликации од тантела и што уште не.

Дел од колекцијата се и стилски комбинезони, неодоливи чевли во бела нијанса и прекрасно изработени и украсени чанти.

Во галеријата погледнете ги сите модели и одберете го вашиот фаворит!

Објавено:
18 април 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.864 пати