Првиот свадбен танц со песната...

17 јуни 2014

Доколку наскоро со вашиот животен избраник сте ја поминале традиционалната веридба, следно што планирате се многуте сегменти од организацијата на големиот свадбен ден. Сигурно девојките повеќе од момците многупати размислувале која ќе биде песната за првиот танц, избор и момент кој е длабоко емоционален најпрвин за младоженецот и невестата, а потоа и за гостите, бидејќи токму со тој танц најчесто почнува големото свадбено случување, а вниманието е комплетно насочено само кон младенците. Досега, неколкупати сме ви пласирале предлози односно листи од музички предлози од различни жанрови, за тоа која песна да ја изберете доколку немате заедничка песна или таква за која предвреме сте знаеле дека  ќе биде вистинската и најдобрата за првиот свадбен танц.

 

Во продолжение ви нудиме уште еден музички предлог за кој веруваме дека ќе ви се допадне. Санува збор за песната „Лутка“ од белградскиот состав С.А.Р.С која навистина има идеално романтичен текст што несомнено ќе ве разнежни и „однесе“ во магична љубовна сцена.

 

Доколку размислувате токму на оваа тема, односно изборот на песната за првиот танц, ние ви ја предлагаме токму оваа - Лутка .Уживајте!

Објавено:
17 јуни 2014
Категорија: 
Бела соба