Познатата стилистка Рејчел Зое ја лансираше својата прва линија наменета за идните невести, која вклучува венчални фустани, но и дизајни што невестата може да ги носи во различни сегменти од церемонијата, како на пример за време на моминската вечер или денот по венчавката.
Базична естетика на оваа линија е прочистениот гламур и елеганција, што оваа коелкција венчаници ја прави особено привлечна за невестите кои преферираат минималистички дизајн.
Се почесто дизајнерите во своите колекции венчаници, како избор вметнуваат и комбинации на дводелни костуми или комбинезони, алтернативни варијанти на венчаници што модерните невести се почесто ги одбираат за својот венчален изглед.
Кроевите се симплифицирани, без драматични волуменозно форми, а акцентот е ставен на роматичните карнери и тантелата.