Ако сè уште сте во потрага по вашиот венчален фустан, можеби инспирација ќе најдете во оваа есенска колекција на дизајнерката Рим Акра.

Лежерни кроеви и многу цвеќе е она што веднаш се забележува.

 

-Преку фустаните сакав да кажам дека всушност можете да се забавувате на вашата венчавка. Можете да бидете секси, сензуални. Сè е во кроевите, во замислата – вели дизајнерката.

Фустанот со куси ркави и топ со камења, е една од креациите што веруваме ќе освојат многу девојки. Цветовите, што и пред малку ги споменавме, се модни додатоци за коса, па дури и ремени.

Модните додатоци за коса се интересни не само поради цвеќињата, туку и светлечкиот ефект. Имено, дел од цвеќињата во коса се сијалички што светат.

Украсените, извезени корсети и волуменозните здолништа даваат луксузен изглед на фустаните. Тоа се модели што веројатно ќе ги забележат невестите што сакаат потрадиционални венчаници.

Тантелата е исто така еден од доминантните материјали, заедно со свилата, а дводелните венчаници и оние со минималистичка нота се идеални за оние што држат до современ и тренди изглед.

Објавено:
20 јули 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.249 пати