„Рок енд рол“ свадба во Скопје

5 јуни 2015

Ретки се оние млади луѓе кои имаат храброст својата свадбена церемонија да ја „стават“ во една поинаква рамка, надвор од класичните клише приказни. Единствено кога и тој посебен чин е одраз на животниот стил на младенците, уживањето е целосно.

Една таква уникатна,  „рок енд рол“ , од секој аспект необична свадба деновиве се случи во Скопје.

Цале и Наташа, страсни љубители на тетоважи и рок енд рол, ги имаат главните улоги во оваа оригинална приказна, која треба да ги охрабри сите оние идни младенци кои се двоумат околу организацијата на нивната свадба.

Наташа наместо класична бела венчаница, носи црн кожен корсет и црни кожени ракавици споени со бело лелеаво здолнише, автентична комбинација со потписот на Елена Лука.

Додека Цале изгледа буквално како од филм, благодарение на тоа што класичното одело го заменил со фрак, а цилиндричниот шешир му дава посебна магија.

Ги поздравуваме младенците за целата оригинална идеја и храброста да останат доследни на себе!

 

Објавено:
5 јуни 2015
Категорија: 
Бела соба