Романтични и едноставни венчаници потпишани од Макс Мара

30 јули 2014

Кога станува збор за невестинските фустани на Макс Мара, тогаш со сигурност можете да се опуштите бидејќи знаете креативните визии што ги промовира овој бренд секогаш ги исполнуваат, па дури и надминуваат вашите очекување. Без сомнение истото можеме да го констатираме и за најновата колекција за 2015 година.

Палетата на бои има нежни градации на белите нијанси движејќи се од снег бела, па потоа следува популарната боја на слонова коска за на крај да се заокружи со пастелно бежови нијанси. Мало изненадување се румените розови тонови кои буквално и даваат романтично освежување на целата колекција.

Моделите ги краси едноставна линија, а кроевите во поглед на должината на венчаниците варираат од кратки, па се до долги. Композициите дискретно се збогатени до цветни апликации, тантелни дезени, и додатоци изработени и стаклени камења и монистра. Креативниот тим на Макс Мара мислеше и на сите оние девојки кое своето судбоносно „Да“ ќе го кажат ви зима па својата колекција ја збогати со преубави кашмирни и крзнени шалови кои на фустаните им даваат неверојатно софистицирана нота и прават да изгледате префинето и дамски.

Впечатлив момент се модните додатоци за коса кои наликуваат на круни и шапките во стилот на 60-тите на кои им е додадена и мрежа за да се постигне што поавтентичен и оригинален изглед.

 

Во продолжение погледнете ги венчаниците и одберете ја онаа која најмногу ви се допаѓа.

 

Објавено:
30 јули 2014
Категорија: 
Бела соба