Иако светскиот тренд вели дека минималистичката естетика доминира и кога се венчалните фустани во прашање, сепак не се исклучени ниту моделите со тантела.
Па, сите вие што преферирате тантела, продолжете да читате да видите на кои се' начини можете да ја имплементирате во вашиот невестински изглед.
Ако веќе сакате тантела, тогаш одберете некоја лесна, односно некоја што има дискретен сјај - ова е особено добар избор ако сте се замислиле како романтична бохо невеста.
Можете да одберете фустан кој целосно е изработен од тантела или пак, кој има елементи на тантела само во горниот дел.
Мошне актуелни се моделите кои вклучуваат апликации од тантела на ракав или дел од здолништето, додека остатокот од фустанот е од некоја мазна и чиста ткаенина.
Особено актуелен е трендот на венчаници кои во делот на грбот се изработени од тантела, а предниот дел пак може да е сосема мазен или со малку тантела.
Тулот е еден од најдобрите пријатели на тантелата, барем кога е бохо естетиката во прашања. Доколку немате се' уште идеја или инспирација за вашиот невестински изглед, можеби ќе ја пронајдете токму меѓу моделите од галеријата на почетокот од текстот.