Саем на венчавки од 11 до 13 март

17 февруари 2016

Шесттиот "Wedding Weekend" или Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотелот Александар Палас од 11 до 13 март. За отворањето организаторот подготви специјална програма, модна ревија на венчаници и машки костуми и специјален перформанс и ревија на накит и свечен коктел. Ревијата ќе се одржи во саемските сали на хотелот, каде излагачите ќе претстават модели од своите нови колекции.

„Минатата година за прв пат креациите ги носеа познати личнсти, а оваа година полека но сигурно тоа ни станува традиција. Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни парови, па освен венчаници и костуми ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и друго“, векат организаторите.

Влезницата за саемот е 60 денари, а се купува на самото место и е воедно ваучер кој ќе им овозможи попуст во текот на целата година кај нашите излагачи. Саемот е отворен за посетителите во сабота и недела 12-13 март од 09 до 21 часот.

Овогодинешни излагачи на саемот за венчавки се: модната куќа Елена Лука, Mcouture by Mila Kadriu, Атеље Нена Конели, Атеље Форевер, Атеље за венчаници Пепика, Dea Sposa, Атеље Лебед, машка мода Сињори, Italian style by Tives, Елизабет Дизајн, Дива Атеље, Драма Бридал Fabres, Tuc, Duni, Casamento, Fancy Marriage, цветен дизајн Еделвајс, цветни декорации Грација, Дуни, Комако, Импакт Груп, фото студио Јасмина, продукција за свадбена кинематографија Flycam, фото Ивама, Струга,свадбена кинематографија Мјелма, свадбено осветлување Клс, свадбено осветлување Инфомедиа, покани за свадба Bella Vita, Танчевски Комерц, , ресторан Маркиз де лукс, , ресторан Роџер Пиано, Александар Палас, , ексклузивен накит од Сигма, кетеринг Гала Кујна, винарија Филовски и др.

На самиот настан ќе има десетина модни ревии. Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет магазинот Во Бело www.vobelo.com. За подетални информации contact@vobelo.com.

Објавено:
17 февруари 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.250 пати