Саем за венчавки од 25 до 27 март

7 февруари 2022

11-от по ред Саем за венчавки, годинава ќе се одржи од 25-ти до 27-ми март во хотелот „Александар Палас“.

Како што најавува организаторот, магазинот „Во бело“, оваа година програмата ќе вклучува над 40 изложувачи.

„Под мотото "Љубовта не е одложена" од 25 до 27 март ќе се одржи 11тиот саем за венчавки "Wedding Expo" во организација на магазинот "Во Бело". Традиционално домаќин на саемот ќе биде хотелот Александар Палас каде на повеќе од 2500м2, 40-тина изложувачи ќе ги претстават модните трендови за свадбите во 2022год. Програмата на саемот ќе биде во склоп со актуелната ситуација со пандемијата, а ќе се почитуваат и сите протоколи кои ќе важат во тој момент“, велат организаторите.

Тие додаваат дека заинтересираните изложувачи може да се пријават преку мејл на: contact@vobelo.mk и vobelo.com@gmail.com

Објавено:
7 февруари 2022
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
369 пати