Саем за венчавки по петти пат во Скопје

26 јануари 2015

Од 13 до 15 март во хотелот Александар Палас, по петти пат ќе се одржи саемот за венчавки во организација на магазинот за култура на венчавките,  Во Бело.

На саемот со нови колекции на венчаници ќе се представат најдобрите македонски брендови кои креираат венчални фустани, како Елена Лука, Мила Кадриу, Билиа Атеље, Пепика Атеље, Форевер, Лебед , а нема да бидат  изоставени ниту младоженците за кои ќе бидат промовирани стилизирани комбинации со костуми од  Тивес и Сињори.

„Покрај модните брендови, учество ќе земаат  и голем број компании кои  на било кој начин учествуваат во организацијата на свадбената церемонија, а ќе бидат изложени и венчаници, накит, костими, покани, декорации за свадба, фотографи... односно, ќе има се што е потребно за една свадба. На досегашните саеми се одржаа и преку 30-тина ревии на венчаници и свечени фустани. И оваа година ревиите ќе бидат неизоставен сегмент од саемот“, велат организаторите на саемот.

Доколку сте заентересирани  да бидете излагач на саемот, контактирајте го организаторот на contact@vobelo.com.

Објавено:
26 јануари 2015
Категорија: 
Бела соба