Рајан и Кајли се познавале уште од предучилишна возраст. Тој ја памети како слатко девојче, а таа како детето кое мајка му го облекувала во шаренило од бои. Учеле и во истото основно училиште во Лос Анџелес, но потоа секој продолжува на различна страна, за повторно да се сретнат во 2004 година од кога се и заедно како пар.

Она што е интересно за нив е егзотичната свадбена церемонија со која ја крунисуваат нивната љубов. Рајан е дете на родители што потекнуваат од Јужна Африка, па тоа било и првата причина поради која заедно одлучиле токму таму, во националниот парк Кругер, во срцето на Јужна Африка, да ја организираат нивната „сафари“ свадба и сите драги луѓе неколку дена заедно си нив, да ги преселат во егзотичниот рај.

Сето останато е разгледница...

Објавено:
24 август 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
828 пати