Сè е во деталите: Најубавите венчаници за сезона 20/21

8 мај 2020

Пандемијата го промени планот и на многу младенци. Доколку меѓу нашите читателки има некоја невеста која ја одложи свадбата, или ќе ја прави следната година, или пак можеби познавате некоја таква, а сè уште размислува за својата венчаница, можеби овој текст ќе биде инспиративен.

Кога се тенденциите во прашање има две спротивни „струи“ - минималистичката естетика и онаа „повеќе е повеќе“.

Овој пат се осврнуваме на првата, но со акцент на деталите. Тие знаат да направат голема разлика.

Така, без разлика дали ќе се одлучите за тесно или широко здолниште, важно е моделот што ќе го одберете да има нешто што ќе остави впечаток.

Може да се одлучите за панделка, за гол грб, или во комбинација со тенки секси прерамки. Исто така, грбот може да биде во комбинација со тантела или транспарентен материјал на кој ќе бидат зашиени копчиња.

Меѓу тенденциите се и венчаниците на „едно рамо“, па строгата асиметричност може да биде прилично впечатлива.

Манжетини на волуменозни ракави или спуштени волуменозни ракави со што рамениците би биле откриени е уште една привлечна и популарна варијанта. Елементи од тантела на ракавите или во предниот дел секогаш се сигурен избор.

За оние што сакаат да ја истакнат половината, широките ремени или ремени со монистра се едни од опциите.

Во продолжение погледнете уште неколку примери и инспирирајте се:

Објавено:
8 мај 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
445 пати