Се омажи актерката Алисон Вилијамс

21 септември 2015

Изминатиов викенд беше особено среќен за 27-годишната актерка Алисон Вилијамс. Во присуство на своите најблиски роднини и пријатели таа и нејзиното долгогодишно момче, 34-годишниот Рики Ван Вин стапија во брак.

Свадбената церемонија се одржа на ранчот Вајоминг, а актерката одбра венчален фустан од модната куќа Оскар де ла Рента.

Венчавката е држана во тајност, до тој степен што Вилијамс и нејзиниот сега веќе сопруг, ги замолиле гостите да слетаат во Денвер, од каде потоа се превезени до луксузниот ранч.

-Сместувањето за сите гости беше платено, а голем број од нив потоа летаа за Лос Анџелес за да бидат присутни на Еми наградите – вели избор близок на двојката, за New York Post.

Како пренесуваат, оскаровецот Том Хенкс ја водел церемонијата. Меѓу присутните биле и Лена Данам, Џон Мајер и Кејти Пери (за кои се шпекулира дека се повторно заедно), како и колешките од серијата Girls, Рита Вилсон, Џемима Кирк и Зосиа Мамет, потоа Дајан фон Фурстенберг, Би Шефер, Енди Коен и други.

Кејти и Џон

Невестата до олтарот ја донел нејзиниот татко, презентерот на NBC вестите, Брајан Вилијамс, кој порано годинава беше суспендиран поради преувеличување на деталите од неговото искуство во војната во Ирак и урганот Катрина, од каде директно известуваше. Тоа беше и причина поради која Алисон и Рики малку ги одложија плановите за свадба.

Инаку, двојката се сврши во февруари месец минатата година, после тригодишна врска, а ова е нивен прв брак.

Објавено:
21 септември 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.306 пати