Се омажи најстарата ќерка на Бил Гејт и го сподели свадбениот албум

19 октомври 2021

Ќерката на Бил Гејтс, Џенифер, викендов се омажи за својот партнер, Најел Насар - џокеј и бизнисмен со англиско-египетско потекло.

Свечената церемонија е одржана на луксузниот имот на невестата, се работи за ранч на 124 хектари, кој Бил ѝ го подарил  во 2018 година после нејзиното дипломирање на универзитетот „Стенфорд“.

Инаку, двојката во петокот имала муслиманска церемонија, а во саботата била главната црковна церемонија, на која Џенифер се појавила во венчаница со потпис на Вера Ванг. Се работи за винтиџ парче во пастелно розова боја, додека пак девериците биле облечени во темнозелени фустани.

Вечерта пак, на забавата, таа носеше фустан во сирена крој од тантела.

Како пренесуваат странските медиуми, меѓу највеселите биле токму родителите на невестата, а Џенифер со татко ѝ Бил танцувала на песната од Елтон Џон „Can You Feel The Love Tonight".

Според одредени медиуми, венчавката чинела околу два милиони долари. 

Инаку, двојката се запознала на една коњичка трка, а заедно се од 2017 година. Инаку и Насар (30) е исто така милионер од познато египетско семејство.

Дел од свадбените фотографии се објавени на „Вог“ и социјалните мрежи, а ги гледате во прилог на текстот.

 

фото: Инстаграм

Објавено:
19 октомври 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.671 пати