Се омажи Парис Хилтон - 10 венчаници, огромна торта и свадбена серија во 13 епизоди

13 ноември 2021

Број еден вест во светските медиуми е свадбата на Парис Хилтон, една од првите старлети на светската јавна сцена. Таа пред два дена се венчаше со својот партер Картер Реум, после двегодишна врска.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

 

„Моето „засекогаш“ започнува денес... 11/11“, напиша Хилтон на својот инстаграм профил, споделувајќи ја првата фотографија од нејзиниот невестински изглед.

Но, не требаше многу за да се појават и други фотографии од нејзиниот свадбен ден.

Свадбата на наследничката на синџир луксузни хотели и нејзиниот партнер се случи во Бел Ер во Лос Анџелес, на имотот кој му припаѓал на нејзиниот дедо Барон.

Пред свадбата, Парис најави дека на церемонијата ќе се пресоблече дури десет пати, а досега се појавија фотографии од четири невестински фустани.

Главниот, кој го носеше на разменувањето на заветите, е со потпис на Оскар де ла Рента, кој бил создаван со месеци. Се работи за класична венчаница со широко здолниште и тантела во горниот дел и на ракавите. Велот е долг и исто така збогатен со 3Д апликации.

На почетокот од забавата, Хилтон се појави во раскошна принцес креација на Галија Лахав, а потоа следеше кратка венчаница од Оскар де ла Рента и еден долг фустан украсен со скапоцени камења. Првиот танц се одвивал на звуците од песната „Can't Help Falling in Love With You“, а во текот на вечерта Деми Ловато им ја отпеала и „I Will Always Love You“.

Како вели ѕвездата, на свадбените церемонии биле поканети само најблиските пријатели и роднини, меѓу кои секако Ким Кардашијан, Бебе Реџа, Емилија Рорбертс, Пола Абдул....

Но, како вистинска старлета, одлучи да не го крие својот посебен ден од својата публика, па најави дека свадбата  и двете забави (пред и потоа), ќе ги сподели со јавноста преку серија „Paris in love“, која ќе има 13 епизоди и ќе се емитува на тв каналот „Пикок“.

„Сакав и моите обожаватели да видат дека го пронајдов својот шармантен принц и да го видат мојата среќна венчавка од бајките“, изјави претходно Хилтон во разговорот со Џими Фелон.

Инаку, пред Картер, Парис беше три пати верена, но никогаш не стаса до олтарот, се' до сега.

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од свадбениот албум:

 

фото: Instagram.com; Paris Hilton, Oscar de la Renta, Galia Lahav,  JoseVilla/Shutterstock

Објавено:
13 ноември 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
22.950 пати