Се венчаа ќерката на Мерил Стрип, Грејс и продуцентот Марк Ронсон

10 септември 2021

Познатиот продуцент Марк Ронсон и Грејс Гамер, една од ќерките на Мерил Стрип неодамна стапија во брак. 

Церемонијата успеаја да ја сокријат од очите на јавноста, бидејќи едвај има неколку фотографии и тоа едната објавена токму од Ронсон, а уште две од членови на неговото семејство.

Интересно е што продуцентот на денот на венчавката го прослави и својот 46 роденден, а на својот инстаграм профил имаше романтична порака.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mark Ronson (@iammarkronson)

„На мојата вистинска љубов... Од никаде направи 45 година да биде најдобрата од мојот живот. Сигурен сум дека ми требаа 45 години да станам маж вреден за твојата љубов. Се надевам дека секој од овие родендени ќе ги поминувам покрај тебе се' до последниот ден. Засекогаш твој (и да, се венчавме).

Детали за тоа каде е одржана церемонијата, кој се' присуствувал воопшто нема. На фотографиите кои се споделени на социјалните мрежи, се гледа дека Грејс носи минималистичка, романтична венчаница со плашт, додека пак Марк е во темносино одело со вратоврска и ретро колор-блок чевли.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by We Heart Ronson (@weheartronson)

И двајцата за себе имаат по еден брак. Пред Ронсон, Грејс беше во брак со музичарот и актер Тео Стратерн, кој траеше само шест месеци. Продуцентот пак, беше во брак со француската актерка Жосефин де ла Бом.

 

Објавено:
10 септември 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.084 пати