Седум фустани за Кити Спенсер: Се омажи внуката на Лејди Ди

26 јули 2021

Во кругот на најблиските пријатели и семејството, лејди Кити Спенсер, позната на јавноста како внука на принцезата Дајана, викендов се омажи за својот партнер, 62 годишниот Мајкл Луис.

Ден потоа, сите зборуваат за раскошната венчавка која се одржа во главниот град на Италија.

Кити минатата недела беше во Италија со своите пријателки, завршувајќи ги последните подготовки за гламурозниот ден. 

Освен што се коментира за разликата во години помеѓу младенците, имено милијардерот Луис е 32 години повозрасен од неа, а и пет години постар од татко ѝ Чарлс Спенсер, во модните кругови најмногу се зборува за венчаницата.

Не беше тешко да се претпостави дека венчалниот фустан ќе биде со потпис на Долче и Габана, бидејќи Кити е една од нивните музи и заштитни лица.

Иако ја споредуваат со Лејди Ди, сепак ако зборуваме за невестинскиот изглед, Кити дефинитивно потсетува на Грејс Кели.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @thepeepingcat

 

За венчавката во луксузната вила Алдобрандини, од која има неверојатен поглед на Рим, таа носеше раскошна венчаница во викторијански стил, целата создадена од тантела. Изгледот е збогатен со семејна тијара, изработена од дијаманти, која и лејди Ди ја носеше на својата венчавка во 1981 година.

Освен венчалниот фустан, за свадбениот викенд и сите подготовки околу големиот ден за Кити беа создадени уште 6 други фустани, четири креации од последната колекција од Висока мода на Долче и Габана и два малку посекојдневни за моминската вечер со пријателките.

На денот пред свадбата, односно на пробната вечера, таа носеше фустан од органза, рачно сликан и украсен со цветови и кристали. 

На денот на свадбата пак, носеше коктел фустан украсен со златни и сребрени траки.

Низ медиумите се појавија дел од нејзините комбинации кои ви ги пренесуваме во продолжение:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dolce&Gabbana (@dolcegabbana)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
26 јули 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
9.957 пати