Шарените бидермаери се вистински хит оваа година!

5 мај 2021

Големите, нежни и светли, романтични кали, божури и рози секогаш ќе котираат високо на листата најпосакувани цветови кои го создаваат невестинскиот бидермаер.

Но, трендовите за венчавки оваа година покажуваат дека дамите се малку понаклонети кон смелите, јаки, вибрантни бои на цветови. 

Магента, небесно сини, портокалови и жолти, се меѓу најбараните бои на цветови, а најчесто се избираат целозија, гербери, сончоглед, гладиола.

Зошто е овој интересен тренд растечки меѓу младите? Експертите претпоставуваат дека за многу двојки, ова е веќе второ планирање на свадбата, па интимната церемонија со пријателите им дозволува да го сменат малку правецот на размислување и да се охрабрат.

Па ако размислувате или планирате венчавка летово, развеселете го белиот невестински фустан со еден шарен, вибрантен, весел, експлозија на радости бидермаер. Повелете, инспирација…

Објавено:
5 мај 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
577 пати