Сиара е романтична невеста во Кавали венчаница

7 јули 2016

Прекрасниот замок Peckforton во северна Англија беше местото каде прекрасната Сиара и нејзиниот вереник Расел Вилсон се заколнаа на вечна љубов.

Таа изгледаше поубаво од кога и да е во бохо венчаница на Роберто Кавали и како и секогаш, совршена шминка и фризура.

Воопшто не изненади моментот што таа го одбра нејзиниот добар пријател Питер Дандас да ја креира нејзината венчаница од соништата, со оглед на тоа што пејачката подолго време е заштитно лице на брендот.

Венчаницата беше едноставно совршена – долги и широки ракави изработени од нежна тантела, секси корсет што и прилегаше неодоливо и тесно здолниште комбинирано со тул кој се вади.

Нејзиниот сопруг одбра елегантен смокинг во црна боја комбиниран со бела кошула и бело стилско елече.

На нивната свадба биле поканети околу 100 најблиски пријатели и членови на нивните семејства кои останале да уживаат во убавините на раскошниот дворец и неговите 48 посебни простории.

Истиот бил затворен за посетители неколку дена, а на сите гости им биле одземени мобилните телефони на влезот со цел двојката да ја зачува приватноста.

Џенифер Хадсон

Во продолжение, погледнете дел од фотографиите што досега беа објавени од свадбата и фантастичната венчаница на Сиара.

Објавено:
7 јули 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.809 пати