Слатка 89 годишна бабичка е деверица на својата внука

25 август 2016

Оваа 89 годишна бабичка од Јужен Велс е одличен пример дека годините се само бројка и воопшто не се важни. Маурин Карни отсекогаш сакала да биде деверица на свадба, а нејзината прекрасна внука Рошел и ја исполнила желбата. 

Имено, Маурин има 10 внуци и шест правнуци кои ја обожаваат и со кои таа најмногу сака да го поминува времето. 

За искуството како деверица ќе каже дека било нешто неверојатно и ако би можело, повторно би го направила истото. 

„Тоа беше навистина специјален ден за двете. Отсекогаш сакав да бидам деверица на свадба... Се сеќавам дека еднаш дури и прашав една моја пријателка, но јас сум католик и не можев да влезам во нивната црква, па тоа не се случи. Кога Рошел ме праша дали сакам да ѝ бидам деверица и реков да не се шегува со стара жена. Но, набрзо потоа сфатив дека таа е навистина сериозна и така и се случи“, вели Маурин. 

Таа изгледала навистина прекрасно на свадбата на нејзината внука во нежно виолетовиот фустан како и на останатите деверици, нежна шминка и фризура. 

Маурин ќе каже дека таа дури била и на моминската забава со останатите девојки – поминале прекрасен ден во спа центар, пиеле коктели покрај базенот, а потоа и вечерале. 

„Јас не пијам алкохол, па Рошел ми нарача безалкохолен коктел. Навистина беше забавно, игравме игри, вечеравме, си поминавме навистина убаво“, вели Маурин.

Никој од нејзиното семејство не останал рамнодушен на тоа колку Маурин била среќна, па некој од нив дури и ја споделил приказната на социјалните мрежи. 

„Мојот најмлад син објави за мене на Интернет, па останатиот дел од моето семејство не можеше да поверува колку добро ми стои фустанот што сум го носела како деверица и колку добро одговара со оние на останатите девојки, а сепак изгледа вкусно за мои години“, вели прекрасната Маурин.

Објавено:
25 август 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.660 пати