Сопругот си ја фотографирал својата жена во венчалниот фустан во 19 земји!

25 септември 2013

Една забавна брачна двојка, инаку големи авантуристи, решиле да направат еден поинаков свадбен албум од сите останати.

Тие се одлучиле да тргнат на пат околу светот каде што сопругот ќе ја фотографира својата жена во венчалниот фустан на различни локации.

Џенифер Салваж, 42 и нејзиниот сопруг Џеф, ја наравиле својата свадба во Чиле во 2008, а последните пет години ги поминале патувајќи во 19 земји каде Џеф ја фотографирал Џенифер во нејзиниот венчален фустан.

Сите неверојатни фотографии спакувани во проектот наречен One Dress, One Woman, One World може да ги видите на истоимената страница.

Некои од локациите на кои тие успеале да заминат за Џенифер да се фотографира во нејзината венчаница се Париз, Кина и Алпите.

На нивната страна, Џенифер објаснува дека авантурата почнала уште во времето кога започнала нејзината потрага по венчален фустан. Со оглед на тоа што уште од тоа време знаеле во што се впуштаат, Џенифер почнала да бара едноставен фустан што би можело да го собере во секој куфер.

Оттогаш, Џеф и Џенифер успеале да направат вкупно 147 фотографии во 19 земји: Чиле, Швајцарија, Кина, САД, Египет, Нов Зеланд, Унгарија, Франција, Италија, Ватикан, Перу, Исланд, Норвешка, Јамајка, Бахамите, Кајманските острови, Хондурас, Грција и Русија.

Објавено:
25 септември 2013
Категорија: 
Бела соба