Современото лице на романтиката во новата колекција венчаници на eNVy room

8 февруари 2022

Романтиката се чувствува со сите сетила во новата колекција венчаници на хрватскиот бренд eNVy room.

Препознатливи по женствениот дизајн, верни на својот стил, на почетокот на годината пласираа нова венчална линија во која главниот збор го има романтичната естетика.

Отворените рамена и голиот грб, нежните и воздушести ткаенини и тантела, флоралните елементи, лесната игра со лелеавите кроеви ја портретираат eNVy room венчаницата.

Ќе забележите и неконвенционални модели, со миди должина, во асиметрични кроеви, потенцирани со карнери, проширувајќи го изборот и за невестите кои размислуваат надвор од шаблонот.

Еве како тие ја замислуваат невестата во 2022.

Објавено:
8 февруари 2022
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
524 пати