Свадбата на Бекамови: Венчаница од „Валентино“ поскапа од церемонијата, донации за Украина и познати гости

11 април 2022

Долгонајавуваната свадба помеѓу Никола Пелц и Бруклин Бекам се случи викендов. И двете семејства се потрудија да им се сокријат на папараците, па немаше премногу фотографии пред да се појават официјалните.

„Вог“ ја доби ексклузивата за пренесување на свадбениот албум и деталите.

Двојката се венча на имотот на семејството Пелц во Палм Бич.

Невестата носеше фустан од модната куќа „Валентино“, кој како пренесуваат странските медиуми бил вреден 4 милиони долари. Фустанот е едноставен, ја следи линијата на телото, во горниот дел е на прерамки, а изгледот е надополнет со долг вел од тантела. 

 

Ако им веруваме на бројките кои ги споделуваат светските медиуми, дека свадбата била вредна 3.5 милиони долари, тогаш Никола носела венчаница поскапа од свадбата. Вниманието го привлече и информацијата дека за севкупниот изглед на невестата, инспирација бил изгледот на Клаудија Шифер од 1990-тите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lovely's Vintage (@90smagazines)

Младоженецот пак одбра триделно одело со потпис на модната куќа „Диор“, збогатено со дијамантско синџирче, инаку подарок од семејството Пелц.  Инаку, Ким Џонс, односно „Диор“ беа задолжени и за оделата на Дејвид, Ромео и Круз Бекам.

И една од највпечатливите фотографии од албумот е онаа на четирите мажи Бекам, совршена реклама за модната куќа 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Првиот танц бил на песната од Елвис Присли „Only Fools Rush In“.

Меѓу гостите имаше и познати личности. Ева Лонгорија е една од најдобрите пријателки на Викторија Бекам, па не изненадува фактот дека носеше фустан со нејзин потпис во кој изгледаше фантастично. 

Серена Вилијамс и сопругот исто така беа на свадбата на годината, како што ја нарекуваат. Серена одбра пинк креација со висок шлиц и асиметрично деколте од брендот „Stello“. Нејзината сестра Венус одбра светкава креација во црна боја.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TheYBF (@theybf_daily)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Stello (@stello)

Девојката на Ромео, Миа Реган исто така носеше креација од Викторија Бекам. 

Мајката на Никола, Клаудија, одбра пак сина креација од „Версаче“, изработена специјално за неа.

А кога е изгледот на Викторија во прашање, коментарите се различни. Таа носеше свилен долг фустан, со елементи од тантела во делот на деколтетот и тенки прерамки - избор кој на некои многу им се допадна, а некои го протолкуваа како премногу едноставен, коментирајќи дека Викторија имала далеку подобри модни изданија од ова.

На листата познати гости беа и Мел Би, Гордон Ремзи со семејството, дизајнерката Рејчел Зое и други, но ниту еден член од британското кралско семејство.

 

Претходно беше најавено дека Меган и Хари ќе присуствуваат на свадбата, но нивното присуство не било забележно. Од друга страна, во медиумите се појави информација дека Вилијам и Кејт ја одбиле поканата на Бекамови да бидат дел од свадбата.

Инаку, Бруклин и Никола ги повикаа гостите да донираат за Украина. Во соработка со една хуманитарна организација, тие алудираа на помош за оние кои во моментот се во војна.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@__beckham75__)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Romeo Beckham (@rbeckhamfan)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared byRomeo Beckham (@rbeckhamfan)

 

Објавено:
11 април 2022
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
4.845 пати